Kам-бекот на Роналдо на „Олд Трафорд“ донесе „aстрономски“ цени на влезниците за дуелот со Њукасл

Фановите на „црвените ѓаволи“ со нетрпение го очекуваат враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер Јунајтед.

36-годишникот се враќа на местото каде постигна големи успеси, по заминувањето од Спортинг. Сер Алекс Фергусон не пропушти да го доведе во редовите на својот тим, а по авантурите во Реал Мадрид и Јувентус, португалскиот фудбалер се враќа на познат терен. Негов прв натпревар ќе биде домашниот дуел против Њукасл Јунајтед на 11 септември.

Очекувано интересот за присуство на стадионот на „црвените ѓаволи“ е огромен. Цените на влезниците значително се покачија по потврдата на трансферот. Легалните страници за продажба достигнаа суми до 700 фунти, а се шпекулира дека на „црниот пазар“ некои влезници се продадени дури за 2.500 фунти.

Првата етапа на Роналдо во дресот на Јунатед траеше од 2003 до 2009 година.

Се вчитува...