Камер Ќака се врати во Шкендија

Камер Ќака по една година се враќа во редовите на македонскиот прволигаш, Шкендија, потврдија од клубот. 27-годишниот играч за врска по една година се враќа во црвено-црниот табор, точно една година откако дефанзивниот играч за врска се пресели во Унгарија во Мезоковесд.

Освојувачот на шампионската титула со Шкендија во сезоната 2020/2021 повторно доаѓа во Тетово, убеден дека мисијата не е завршена со „црвено-црните“. Ќака потпиша двегодишен договор со тетовци.

„За мене е задоволство да се вратам во клуб каде што играв претходно. Шкендија, Тетово и „Балистите“ ми оставија многу позитивен впечаток и затоа ја донесов оваа одлука. Во 2021 година ја освоивме шампионската титула со Шкендија и повторно доаѓам овде за да триумфираме. Го познавам клубот, амбициите и се што ја опкружува Шкендија и доаѓам со многу ентузијазам да дадам се од себе“, изјави Ќака по официјализирањето на договорот со Шкендија до декември 2024 година.

Се вчитува...