Камила Херем играла бремена на СП во Германија!

Норвешката репрезентативка, Камила Херем, која минатата сезона го носеше дресот на Вардар, објави дека е бремена и дека ќе направи пауза во кариерата. Среќната вест Херем ја објави на својот профил на Инстаграм, а ја потврди и во интервјуто за норвешката телевизија ТВ2.

Поранешната ракометарка на Вардар во вториот месец од бременоста настапи на Светското првенство во Германија на кое со Норвешка го освои сребрениот медал по поразот од Франција во финалето. Како што изјавува во интервјуто, таа знаела дека чека принова, но со дозвола од докторите сепак, одлучила да игра на СП. Херем соопшти дека треба да се породи на почетокот на јули и до крајот на сезоната се повлекува од терен.

Камила Херем е во брак со поранешниот ракометар на Елверум, Стефан Стегавик, кој сега настапува за норвешкиот Наербо Идретслаг. По заминувањето од Вардар во јуни годинава, Херем се врати во Норвешка, во тимот на Сола.

Се вчитува...