„Камп ноу“ пее: Лопетеги, остани, ние те сакаме…

Барселона побегна на четири бода предност во однос на Реал Мадрид во пресрет на големото дерби што наредниот викенд ќе се игра на „Камп ноу“, а се уште е неизвесно дали „кралевите“ во следните седум дена ќе се решат за тренерска смена. Хулен Лопетеги воопшто не ги оправда очекувањата, но Флорентино се уште тактизира пред се поради фактот дека и тој самиот е виновен за кризата, по продажбата на Роналдо и неангажирање на негов соодветен наследник.

Ставот на навивачите на Барселона е јасен – тие сакаат Лопетеги да остане тренер на Реал, убедени дека со него на клупата „кралевите“ немаат ниикаква шанса во трката со каталонскиот гигант.

Впрочем, на синоќешниот дуел со Севилја во неколку наврати на „Камп ноу“ ечеше: Лопетеги, остани, ние те сакаме…

Ако Флорентино не реши поинаку, „Камп ноу“ ќе може да го види Лопетеги на дело на клупата на Реал веќе наредниот викенд. Само, да не зажалат каталонските навивачи за овој сеир, сепак не е лесно да се победат „кралевите“ кога во своите редови Барса ќе го нема Лео Меси.

Се вчитува...