Кампацо: Мајка ми постојано ми зборуваше дека не треба никогаш да заминувам од Реал

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо даде интересно интервју за шпанска „Марка“ откако се врати во својот втор дом – мадридски Реал.

Тој минатата сезона ја мина во Црвена Звезда откако се најде во чудна ситуација, за да сега повторно се врати во Реал Мадрид.

„Секогаш во животот ви се отвора нешто како што требало да биде. Сакав да играм уште една сезона во НБА, но се најдов во чудна ситуација кога се вратив во Европа. Но, тимовите беа комплетирани па завршив во Црвена Звезда и сега после една сезона таму сум помирен. Успеав сега да се договорам со Реал и да се вратам на местото кое го чувствувам како свој дом. Многу сум мотивиран и подготвен за се што не чека“ – вели Кампацо, и дополнува:

„Секогаш имав одличен однос со сите во Реал, уште откако отидов во НБА. И кога заминав тогаш знаев дека кога-тогаш повторно ќе се вратам. Се сеќавам тогаш мојата мајка кога заминував во Денвер ми рече да не си одам од Мадрид затоа што тука сите ме сакаат. Мојата мајка беше среќна поради љубовта која ми ја пружаа тука во Мадрид и колку ми беше тука убаво. Таа ги сака овој тим, клубот, градот, земјата…“.

Се вчитува...