Ретки се битките кои Баерн Минхен ги губи на терен, а и надвор од него, но овој пат германскиот великан потклека пред Давид Алаба.
Австрискиот интернационалец помина 12 години во Минхен, десет од нив како професионалец, но на крајот на сезоната бекот ќе ја замени средината, а тоа го потврдија и од клубот.
„Го раширивме црвениот тепих пред Давид Алаба и отидовме до нашите крајни граници, но Давид и неговиот советник Пини Захави не сакаат да гази по тој црвен тепих. Затоа и после некое време го собравме тепихот и не гледам како би биле можни нови разговори. Давид е дел од Баерн цели 12 години, но тој сега бара некои нови предизвици, а ние мораме да се помириме со тоа“ – изјави спортскиот директор на клубот, Оливер Кан.
Договорот на Австриецот истекува на крајот на сезоната, а веќе од 1. јануари како слободен играч може да преговара со други клубови. Засега е непознато каде дефанзивецот ќе ја продолжи својата кариера, а како потенцијални дестинации се споменуваат ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА