Кан по катастрофата од Сити: Работите не се добри, но во фудбалот сум видел неверојатни работи

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан го истакна своето разочарување по поразот од Манечстер Сити во првиот 1/4 финален натпревар во Лигата на шампионите. Сепак, поранешниот легендарен голман на Баерн истакна дека тимот мора да заборави што се случувало на „Етихад“, и на домашен терен да покажат дека не се откажале од намерата да одат понатаму во европската елита.

Кан ова го темели на фактот што бил сведок на неверојатни работи во фудбалот, па така се надева дека тимот може да ја анулира негативата и да направи чудо на домашен терен.

„Секако сме разочарани, поинаку ги замислував работите. Сити е тим од светска класа, ако не и најдобар во Европа. Резултатот е најважен во фудбалот, но мислам дека имавме шанси. Примивме гол од далечина, потоа имавме можности на стартот од вториот дел. Да влезеше една топка во мрежата ќе беше поинаку. На ова ниво и во ваков меч недозволиви се такви грешки какви што ги правевме. Сега не треба да се жалиме и да плачеме, туку да се фокусираме на мечот во сабота, а потоа и на ревнашот. Знам дека работите не изгледаат добро, но во фудбалот видов многу неверојатни работи. Наша должност е да се обидеме и да им покажеме на навивачите дека не сме се откажале“, рече Кан.

Се вчитува...