Репрезентацијата на Канада е првиот осминафиналист на Светското првенство 2026 откако во драматична завршница триумфираше против Јужноафриканската република со 1-0, благодарение на гол постигнат во втората минута од судиското продолжение.
Претходно, двете селекции минаа низ меч во кој Канаѓаните напаѓаа повеќе но без реализација, а првата вистинска шанса на дуелот беше за Корнелиус, кој беше сосема сам во шеснаесетникот, но не ја искористи.
Најголемите возбудувања во првото полувреме беа низ последните минути кога Канаѓаните се одлучија на поенергични напад. Па, во судиското продолжение на првото полувреме бараа и пенал.
Лареа продре по левата страна, а стартот на дефанзивецот на ЈАР беше објективно чист, откако побрзо од Лареа дојде до позицијата пред топката. Па, судијата Пињеиро оправдано не покажа на „белата точка“.
How is this not a penalty for Canada?
The South Africa player clearly stopped him from crossing the ball.#RSACAN pic.twitter.com/8WAa0Nordu https://t.co/237qSTCYGU
— wavy-utd (@wavycreator_) June 28, 2026
И, потоа во второто полувреме, кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, во 92. минута Стефан Еустакио извонредна зафати една одбиена топка и од 18 метри ја смести во мрежата од голот на ЈАР за пласман во осминафиналето на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
