Канатларовски е новиот селектор на У21 селекцијата

Благоја Милевски денеска беше „прекомандуван“ од младинсата во сениорската репрезентација, а неговото место во У21 репрезентацијата го наследи Драган Канатларовски.

Искусниот стратег кој во минатото ја предводеше и сениорската репрезентација на Македонија, воедно беше и предводник на У16 и У17 репрезентациите со што стана единствениот тренер кој има предводено четири селекции во мак-фудбалот.

Новиот селектор на младинците кој ќе има шанси да се избори за второ учество на Европското првенство, дебито на клупата ќе го има на 2. август на мечот против Франција.

Како потсетување, Македонија се наоѓа во групата ‘Х’ каде за противници ги имаме селекциите на Фарски Острови, Франција, Србија, Украина и Ерменија.

Се вчитува...