Канатларовски го одреди стартниот состав за мечот со Франција: Со Чолаковски во нападот

Селекторот Драган Канатларовски го одреди почетниот состав на младата репрезентација за денешниот прв натпревар во квалификациите за ЕП 2023 против Франција на „ММАрената“ во Ле Ман, кој стартува од 18:30 часот.

Во почетниот тим свое деби во нападот ќе има фудбалерот на австралискиот шампион Мелбурн сити, Стефан Чолаковски.

Канатларовски се одлучи за следниот почетен тим за дуелот со Французите: Денковски, Јанкулов, Божиновски, Ѓурковски, Антовски, Фазлагиќ, Елези, Гроздановски, Воша, Чолаковски, Илиевски.

Се вчитува...