Драган Канатларовски има зад себе блескава играчка кариера, а поранешниот селектор на македонската сениорска и младинска кариера во интервју за српски „Мондо“ говори на најразлични теми.
Канатларовски блескаше во дресот на Пелистер по што имаше одлични понуди на маса, Црвена Звезда и Пелистер беа во трка за неговиот потпис, но популарниот Цапар обелодени дека постоело силно политичко влијание од тогашната комунистичка партија, по што тој завршил во Вардар.
„Одиграв одличен меч, за првпат добив „десетка“ од весникот Спорт, што беше голема работа. Се беше готово да отидам во Звезда, но во меѓувреме клубот преговараше со Хајдук. Вардар исто така беше во игра, но „црвено-црните“ сакаа прво да се ослободат од Димитровски. Тргнавме со воз за Белград и се беше готово, Џајиќ и Цвеле ми велат – потпиши… И се случува нешто чудно, одеднаш доаѓа еден човек, ми вели немојте да потпишете сега и ме носат во хотел Метропол. Потоа ме носат во Сплит и ми велат – потпишуваш за Хајдук, ние се договоривме, ги земавме парите… а јас не знам ништо. Никогаш немав преговарано со Хајдук, отидовме таму на три четири дена и речиси се беше потпишано. Земав аванс и тргнав за Охрид… Веднаш потоа, ние во Битола, таму претседатеот на Вардар и претседателот на Сојузот на комунисти на Македонија. Ми велат: Не можеш да одиш надвор. Бирај, Вардар или Битола, онака арогантно. Прво им одговорив дека не сакам, дека ќе останам, но во таа 1985 Вардар излезе во Европа, одличен тим со Панчев, Рингов Савевски, размислив и на крајот сфатив дека е најдобро ако потпишам таму“, се присетува Канатларовски на таа несекојдневна ситуација.
Како човек упатен и во модерниот фудбал, на Канатларовски му пречи кога се критикуваат фудбалерите, потенцирајќи дека за добри резултати и квалитетна работа неопходно е да се создадат услови…
„Не може никој да ме убеди дека нема добри играчи на југот на Србија, доле од Ниш, исто така и во Македонија, каде е врела крвта, каде луѓето секогаш се гладни. Прашањето што треба да се постави е колку ние имаме услови за работа. Па ние се радуваме ако некој има добар терен или добри топки, што е најнормална работа секаде во светот“, реален е Цапар, тренер со 30 години искуство зад себе.
Целото интервју на Драган Канатларовски за „Мондо“ можете да го прочитате на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
