Канатларовски со два добри теста за своите момчиња против Романците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години, предводена од Драган Канатларовски, и на вториот тест дуел со соодветната селекција на Романија беше подобра по изведувањето на пеналите.

Првиот натпревар меѓу двете селекции пред три дена заврши без голови, по што Македонија беше подобра по изведувањето на ударите од белата точка, а денеска по регуларниот дел мечот заврши 2-2, за да избраниците на Канатларовски слават со вкупни 9-8 по пеналите. Македонија на двапати водеше во текот на мечот со погодоците на Гуџуфи во 70. и во 79.минута, но Романците успеваа да израмнат.

Македонската репрезентација на денешниот натпревар настапи во следниот состав: Василев, Стоилов, Зекири, Бучи, Ангелов, Ѓорѓиев, Талевски, Гуџуфи, Павлевски, Љушев, Софијаноски. Уште играа: Стојановски, Јаневски, Тасев, Ристов, Елези, Здравковски, Поповски, Митев и Хамза.

 

Се вчитува...