Канатларовски во друштво на Кирил Гогов ја следеше убедливата победа на Брегалница во Анталија (ФОТО)

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски и тим-менаџерот Никола Зердески го следеа денешниот натпревар на Брегалница со украински Металист 1925 во Анталија.

Канатларовски и Зердески, како гости на „сините“, во друштво на сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов го следеа денешниот дуел на кој славевме убедлива победа од 4-0.

Канатларовски го следеа настапот на Денковски и Манев кои се стандрадни членови на младата репрезентација на Македонија.

Се вчитува...