Канаваро прв кандидат за селектор на Италија, дали Македонија му пресуди на Манчини?

Фудбалска Италија доживеа шок при поразот од Македонија и вторпат во низа нема да игра на Светско првенство. Овој поразителен факт е новитет во фудбалскиот свет, бидејќи досега „аѕурите“ никогаш досега не пропуштиле две последователни светски смотри.

Ваквиот поразителен резултат е главна причина што италијанските медиуми го повикаа Роберто Манчини да си поднесе оставка. По натпреварот, самиот селектор запрашан за иднината изјави дека е во преголем шок да размислува за други работи. Сепак, реално е да се очекува негово заминување од клупата, иако ја одведе земјата до европскиот врв, а запиша и рекордна серија на непоразеност.

Според највите, прв кандидат да ја наследи клупата на Италија е легендарниот Фабио Канаваро. Поранешниот капитен на „аѕурите“ кој ја одведе земјата до светската титула во 2006 година веќе собираше искуство како требер и на „чизмата“ ќе го дочекаат со раширени раце на клупата на националниот тим.

Се вчитува...