Кандрева им носи победа на „аѕурите“, „Б тимот“ на Шпанија со минимален триумф над Израeл

Репрезентацијата на Италија со минимални 1-0 го совлада домаќинот од средбата, националниот состав на Албанија. Избраниците на Вентура им се вратија на победите по ремито со Македонија пред три дена, па како второпласирана репрезетација во нашата група ќе се бори во баражот за Светското првенство во Русија.

Во првиот дел од средбата мрежите мируваа, Буфон и Бериша беа на ниво на задачата. Имобиле можеше во два наврати да слави, додека албанскиот состав единствена шанса за гол имаше преку Армандо Садику.

Единствениот погодок на средбата се случи кон средината од второт полувреме. Во 73. минута бекот на „аѕурите“, Спиназола испрати прецизен центаршут до Кандрева, кој  без многу размислување ја смести топката во мрежата на Бериша.

15075801335025

Репрезентацијата на Шпанија ја оствари осмата победа во низа овие квалификации за СП, па со идентични 0-1 како од дуелот Албанија-Италија, го совлада Израел кој не издржа во завршницата да заработи значаен бод против „црвената фурија“. Селекторот Лопетеги направи дури 10 измени во во составот во однос од мечот со Албанија, првите 11. го остави само капитенот Серхио Рамос.

Шпанија до водството стигна дури во 76. минута преку Асиер Илјараменди, кој со прекрасен погодок од речиси 25 метри го совлада голманот на израелскиот состав. Асенсио пред самиот крај ја затресе мрежата, но Шпанецот се најде во недозволена позиција, па голот не важеше.

На крајот на овој квалификациски циклус, Шпанија е првопласирана во групата со 28 бода, пред Италија со 23, Албанија со 13, Израел со 12, Македонија со 11 и Лихтенштајн без ниту еден освоен бод.

Албанија – Италија 0-1

https://www.youtube.com/watch?v=j1dUoOy2e4cИзраел – Шпанија 0-1https://www.youtube.com/watch?v=ysvaMcyiHpk

Се вчитува...