Барселона беше поразена од Реал Мадрид со 1-2 во „Ел Класико“, а Жоао Кансело беше еден од играчите кои го одбележаа дуелот меѓу најголемите шпански ривали.
Португалскиот фудбалер го анализираше поразот по натпреварот и истакна дека, според него, неговиот тим бил подобар на теренот.
„Немам многу што да кажам. Според мене, ние бевме подобри, но ова е Реал Мадрид. Тие имаат малку шанси, но сепак постигнуваат голови. Генерално, ние бевме подобриот тим“, изјави Кансело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
