Жоао Кансело настапува за Барселона како позајмен играч од Манчестер Сити, но офанзивниот бек веќе ставил до знаење дека негова желба е да го продолжи престојот во каталонскиот гигант.
Португалецот се чувствува одлично во Барселона, сезонава е меѓу најстандардните со дури 26 одиграни натпревари и верува дека најдобро за него ќе биде да остане во клубот. Тој за ваквиот став веќе го известил и претседателот Лапорта, кој е задоволен од лојалноста на фудбалерот, но и се соочува со сериозен проблем за да му ја исполни желбата.
Кога станува збор за Барса, во последните години главен проблем се парите кои не дозволуваат каталонците да имаат простор за маневар на пазарот. Тоа е пречка и во преговорите за Кансело, ако се знае дека Сити ќе инсистира на продажба на Португалецот, и тоа за сума од најмалку 40 милиони евра. Ова се премногу пари за Барселона, па како опција останува само да се испрати понуда за нова позајмица.
Пеп Гвардиола и Сити најпрвин ќе се обидат да најдат купец за перманентен трансфер на десниот бек, па дури потоа, доколку не успеат во намерата, би разговарале со Барселона за нова позајмица.
Затоа, и покрај големата желба на самиот фудбалер, мали се шансите дека Кансело и во следната сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА