Канте го надмина стравот од Covid-19, се враќа на тренинзите на Челси

Францускиот интернационалец Нголо Канте одлучи да се врати на тренинзите на Челси. Пред неколку дена тој побара да тренира самостојно, одвоено од тимот, поради страв од коронавирусот. Но, три дена подоцна, сепак реши да им се приклучи на соиграчите.

Менаџерот Франк Лампард ја почитуваше неговата волја, му дозволи да тренира во домашни услови, но Канте пропушти само три тренинзи и од утре ќе се врати во екипата.

Французинот можеби и ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ ова лето, а за него постои интерес од Пари Сен Жермен и од Реал Мадрид.

Се вчитува...