Канте и Лампард во конфликт, ова е причината…

Нголо Канте ја почна сезонава во далеку послаба форма од вообичаено во дресот на Челси, а француските медиуми обелоденија дека една од главните причини за бледите партии за Французинот е конфликтот што тој го имал со Френк Лампард. Имено, Канте побарал од клубот да му биде дозволено да пропушти еден тренинг за да замине на еден ден во Франција и да присуствува на свадба на свој близок пријател.

Директорите му излегле во пресрет на големиот „работник“, но тогаш Лампард објавил дека нема шанси да дозволи таков однос, стравувајќи дека во иднина и останатите фудбалери би можеле да бараат слични „услуги“. Канте останал шокиран од ваквата одлука на „шефот“, па според весникот „Паризиен“ тој веќе најавил дека ќе ја разгледа опцијата за заминување уште во текот на јануарскиот преоден рок. Французинот смета дека покажал врвна лојалност кога бројни клубови се интересираа за неговите услуги, по што сега се чувствува изневерено и сака да замине, а неговиот агент во наредниот период ќе собира понуди од заинтересираните клубови.

Според истиот извор, голема желба на Канте е да го облече дресот на Реал Мадрид, иако се очекува во трката за негов ангажман да се вклучат и Интер и ПСЖ. Лампард не би го блокирал овој трансфер, бидејќи со него би стигнал до буџет за да ја исполни својата последна желба од изминатиот преоден рок, ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем.

Се вчитува...