Канте има навистина добра причина зошто не сака да игра

Н’Голо Канте најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната во Премиер-лигата доколку таа продолжи. Францускиот репрезентативец го замоли менаџерот на Челси, Френк Лампард да не тренира, а како причина наведе дека му е страв од коронавирусот. Воопшто не е чудно што Канте се плаши од било каква болест, бидејќи во минатото имал негативни семејни искуства кои му влеале страв до крајот на животот.

Неговиот постар брат Ниам почина од инфаркт, непосредно пред почетокот на Светското првенство во 2018 година, а од иста причина тој го изгубил и таткото кога имал само 11 години. И самиот Н’Голо имаше проблеми во 2018 година, кога по еден тренинг во соблекувалната остана без свест, но за среќа докторите брзо интервенираа.

Познато е дека Канте е омилен соиграч и многу скромен како човек, па сигурно е дека Челси ќе ги услуша неговите барање и ќе го ослободи до крајот на пандемијата.

Се вчитува...