Канте не сака во Интер, останува верен на Челси

Н’Голо Канте нема да го напушти Челси сезонава и да премине во Интер, пренесуваат англиските медиуми. Интер беше подготвен да плати 35 милиони евра за да го доведе Н’Голо Канте на „Џузепе Меаца“ и да ја исполни желбата на Конте за засилување на средниот ред со дефанзивен играч за врска.

Сепак, на крајот францускиот репрезентативец одлучи да остане на „Стемфорд Бриџ“, бидејќи верува дека тимот може да се бори за титулата во Премиер-лигата.

Откако пропадна трансферот на Канте во Интер, Антонио Конте се насочува кон Артуро Видал со кого соработуваше во Јувентус.

Се вчитува...