Кантона: Јунајтед игра фудбал како старец што води љубов

Манчестер Јунајтед загуби од „фенерџијата“ Ватфорд и паднаа на осмото место на табелата, по што повторно се појавија критичарите за изданијата на тимот на Оле Гунар Солскјер. Најсликовито од сите играта на „црвените ѓаволи“ ја опиша клупската легенда Ерик Кантона.

„Манчестер Јунајтед секогаш ќе има посебно место во моето срце. Сепак, кога го гледам како игра тимот сега, тоа е како старец кога води љубов. Се обидува, дава се од себе, но на крајот сите остануваат разочарани“ – порача во свој стил легендарниот напаѓач.

Ерик Кантона играше на „Олд Трафорд“ во периодот од 1992 до 1997 година, притоа постигна 80 погодоци и имаше 61 асистенција во дресот на „црвените ѓаволи“.

 

Се вчитува...