Капарос: Имам леукемија, но ќе продолжам да ја тренирам Севилја

Севилја оствари важна победа (0-2) на гости против Валјадолид, но јавноста е во шок од признанието на тренерот на андалузискиот тим, Хоакин Капарос, кој откри дека боледува од леукемија. Но, и покрај тоа нема да се откаже од работата.

„Имам леукемија, но нема веќе да зборувам за тоа. Во моето тело има постојана борба, бели и црвени крвни зрнца, веќе сум уморен од тоа. Не одам ниту на третмани, уживам во животот и ќе продолжам со мојата работа. Севилја заслужено победи на овој меч, ќе се трудиме до крајот за да ја оствариме нашата цел“, изјави 63-годишниот Хоакин Капарос.

Севилја по 31 коло се наоѓа на петтата позиција на табелата со 49 бода, еден помалку од четвртопласираниот Хетафе кој е во зоната што води во ЛШ.

Се вчитува...