Капарош: Цела Ерменија го чека овој меч, мора со победа да и подариме малку радост на земјата

Ерменија, по мировниот договор со Азербејџан со руско посредство, неодамна ја заврши војната во Нагорно-Карабах. Но, Ерменците по загубените територии се чувствуваат поразени од таа битка поради што секоја спортска битка, пак, сега за нив значи живнување на нацијата.

Свесен за тоа е и селекторот на ерменската репрезентација, Жоакин Капарош, кој вели дека мора со победа против Македонија утре во Никозија, Кипар, да дојдат до пласман во Б-лигата следната сезона во Лигата на нации и да му подарат малку радост на ерменскиот народ.

„Вистинска штета е што натпреварот не се игра во Ерменија. Ќе беше добро да играме на нашиот стадион, но но за жал таква е ситуацијата. Но ќе направиме се да дојдеме до посакуваната победа, затоа што цела земја го чека овој меч и да им подариме радост. Ова е нешто многу важно за нас. Да се надеваме дека и спортската среќа ќе биде на наша страна и ќе дојдеме до целта“ – истакна на прес-конференцијата Капарош и дополни:

„Имаме тим кој може добро да одговори тактичи за утрешниот натпревар, и покрај тоа што ни недостасуваат неколку фудбалери. Мора да го ставиме противникот под притисок. Одигравме добар меч против Грузија, тактички мудро и сега тоа треба да го повториме. Знам дека на крајот од годината и во овој месец фудбалерите се малку уморни, но утрешниот натпревар е многу важен за нас и мора да го дадеме максимумот“.

Ерменците во победата против Грузија беа предводени од Горг Газарјан кој сега се жали на повреда.

„Газарјан одигра одличен натпревар против Грузија, тој е наш лидер и ќе направиме се за да биде подготвен за утрешниот дуел“ – вели ерменскиот селектор.

Се вчитува...