Капела останува во Хјустон со нов договор од 90 милиони долари

Центарот на Хјустон рокетс, Клинт Капела потпиша нов петгодишен договор со клубот вреден 90 милиони долари, објавија од раководството на клубот.

Капела беше избран од Хјустон како 25.пик на драфтот во 2014 година. Тој беше втор во изборот за МВП  минатата сезона со рекорден просек во кариерата од 13.9 поени, 10.8 скока и 1.85 блока. Тој беше лидер во НБА лигата според процентот на реализација од поле.

За 24-годишниот кошаркар изминатата сезона беше исклучително успешна, со рекордни 42 дабл-дабл постигнувања во 74 натпревари одиграни во сезоната 2017/2018 што беше и една од најдобрите препораки Хјустон да го задржи во своите редови.

Се вчитува...