Капело чудесно спаси жива глава во трагедијата во Џенова

Огромна трагедија се случи денеска во Џенова откако се урна дел од автопатот што се наоѓа над градот. Животот го загубија најмалку 18 лица, а малку недостигаше на листата на жртви да се најде и поранешниот голман на Калјари, Давиде Капело.

„Не можам да поверувам дека сум жив… најпрвин слушнав звук, а потоа во секунда се се урна. Летав триесет метри и потоа автомобилот ми се заглави. Немам ниту гребнатина, ова е вистинско чудо. Многу често патувам по овој пат, не можам да поверувам што се случи, шокот е огромен“ – истакна Капело.

Градот во кој живее и игра и нашиот Горан Пандев е завиен во црно, додека се уште трае потрагата по лица заглавени под урнатините од мостот.

Се вчитува...