Капело ги „пецна“ Јуве и Милан: Нема дилеми, Интер веќе ја освои титулата во Серија А

Легендарниот Италијанец, Фабио Капело, е убеден дека Интер веќе ја освои титулата во Серија А, па веќе му честиташе на тренерот Антонио Конте. Интер во неделата го совлада Торино со 2-1, додека Милан загуби од Наполи со 1-0. Тимот на Антонио Конте сега има девет бода повеќе од својот градски ривал.

Капело во неколку наврати зборуваше дека во Италија веќе се е јасно и нема дилеми, клубот од Милано ќе биде новиот шампион.

„Веќе со недели велам дека Интер го освои Скудетото. Велам уште од кога Милан загуби од Специја, а денес го потврдувам тоа. Треба да му честитаме на Конте. Тој се разбира од фудбал и знае како да го постави тимот, работи интелигентно. Минатата сезона му значеше многу, зошто сега многу подобро го разбира тимот на Интер“, рече Капело.

До крајот на сезоната има уште 11 кола, па останува да видиме дали Капело ќе биде во право со предвременото прогласуѕвање на новиот шампион во Италија.

Се вчитува...