Капело: Леао е неверојатен фудбалер, невозможно е да го запрете

Милан по 16 години конечно се пласираше помеѓу најдобрите четири клубови во Лигата на Шампионите. За тоа голема заслуга имаше Рафаел Леао кој фантастичниот натпревар на „Диего Армандо Марадона“ го одбележа со асистенција.

По натпреварот италијанските медиуми пишуваа за 23-годишниот Португалец во суперлатив означувајќи го како „спектакуларен“ и „чудесен“, а пофални зборови имаше и легендарниот тренер Фабио Капело.

„Леао е неверојатен фудбалер. Кога ќе влезе во трк невозможно е да се запре. Прави голема разлика на теренот и ако нема брз играч тешко е да одговорите на неговиот фудбал“, изјави поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид, Рома, Јувентус…

Се вчитува...