Капело: Роналдо е шампион, Меси е гениј

Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одбележаа реванш средбите од осминафиналето во Лигата на шампионите. Португалецот во вторникот со три гола го одведе Јувентус меѓу осумте најдобри во Европа, а Аргентинецот со два гола и две асистенции беше најзаслужен за убедливата победа на неговиот тим против Олимпик Лион. На дискусијата за кој е најдобар на сите времиња се приклучи и италијанскиот стратег, Фабио Капело кој за „Скај спорт“ говореше на оваа тема.

„Роналдо е фантастичен фудбалер, но Меси е гениј. Постојат три генијалци во фудбалот: Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е сјаен и ќе Ви помогне се да освоите, но Меси е нешто друго. Прв пат го гледав кога имаше 16 години и останав вчудоневиден. Он го прави тоа што останатите не можат. Роналдо од себе направи шампион, но не е гениј“ – изјави Капело. 

Со оваа изјава, Италијанецот уште еднаш покажа дека е огромен фан на Лионел Меси.

Се вчитува...