Капело: Ми се гади од овој Милан

Прославениот италијански стратег Фабио Капело жестоко ја нападна управата на Милан за односот кон Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Директорот Газидис зад нивни грб преговарал со Ралф Рангник, а кога Бобан влезе во конфликт со него доби отказ од директорската функција.

Капело имаше можност да ги тренира и Бобан и Малдини и секогаш само со најголеми комплименти говорел за нивниот професионализам, па не е изненадување што сега застана во целосна одбраната и жестоко го критикуваше највисокото раководство на „росонерите“.

„Скандалозно е како клубот се однесуваше кон Бобан и кон Малдини. Ми се гади од овој Милан, челниците го покажаа своето најлошо лице. Јас го поддржувам целосно Бобан, достоинството секогаш е на прво место“, истакна Капело.

Тој се осврна и на препукувањата меѓу Џорџо Кјелини и Марио Балотели по книгата на дефанзивецот на Јувентус, во која тој го нападна проблематичниот голгетер.

„И мене често ме прашуваа да напишам книга, ми нудеа многу пари, но никогаш не прифатив. Тоа е нешто на што сум многу горд на себе. Не сакам да читам за фудбал, фудбалот не се чита, туку се игра“, вели Фабио Капело.

Се вчитува...