Капело: Се плашам дека повеќе нема да го гледаме Влаховиќ во Серија А

Легендарниот италијански селектор Фабио Капело во интервју за „Газета дело спорт“ даде свој коментар на повеќе тематики, но осбено се осврна кон иднината на српскиот фудбалер Душан Влаховиќ за кој се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

Душан Влаховиќ има договор со Фиорентина до крајот на јуни 2023 година, поради што најверојатно летово ќе ја промени средината за да може клубот од Тоскана да заработи од неговото обештетување.

„Дали Влаховиќ му одговара на Јувентус? На тимот му треба напаѓач, а тој е млад и квалитетен играч. Душан би бил нешто ново. Подготвен е за ваков предизвик, има енергија и амбиција за шампион. Но, се плашам дека следната сезона ќе го гледаме во побогата лига од Серија А“, изјави Капело.

„Трансфермаркт“ неодамна ја ажурираше вредноста на играчите и според последните проценки вредноста на српскиот репрезентативец на фудбалскиот пазар изнесува 70 милиони евра.

Се вчитува...