Во последното коло од домашниот шампионат Пелистер и Беласица во натпревар чисто за престиж денеска во Битола, откако Пелистер веќе обезбеди опстанок а Беласица следната сезона се сели во Втората лига.
Пелистер под водство на Димитар Капинковски доживеа вистинска пролет, повеќе од успешно минувајќи ја полусезоната како најава и за далеку подобра следна сезона.
„Кога го презедов Пелистер бевме претпоследни и само со дванаесет бода. Во овој период освоивме 30 бода, па ако го погледнеме ефектот само во вториот дел на сезоната тогаш сме некаде на второ-трето место. Имаме голем напредок во бодовно салдо и обезбедивме опстанок без бараж на две кола до крајот, што ни беше единствена цел. Сега без никаков притисок ќе го играме и натпреварот со Беласица. Сакаме да одиграме допадливо, како и досега, со доста голови и позитивна атмосфера за крај на сезоната“ – вели Капинковски.
Пелистер има седум победи од исто толку домашни натпревари оваа пролет. Желбата е со три бода против Беласица да се заокружи сезоната.
ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Гостивар: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА