Капинковски: Не потклекнавме на притисокот во Струга, значајна победа

Во таборот на Пелистер, сосема очекувано, не го криеаја задоволството од победата на гостувањето против Струга ТЛ во 90. минута во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пелистер до победата дојде со погодокот на Иван Пејаковиќ во 90. минута…

„Во најавата за средбата кажав дека натпреварот ќе биде тврд и неизвесен. Нашите амбициите се опстанок во Првата лига, додека стружани сосема заслужено имаат поголеми амбиции. Во финишот од мечот подобро се снајдовме, не потклекнавме пред нивниот притисок, а на крајот постигнавме и погодок за победа. На секој натпревар одиме да оствариме позитивен резултат, бидејќи само така ќе се избориме за нашата цел“ – вели тренерот на „пелистерци“, Димитар Капинковски.

Сосема еднакво е размислувањето и на централниот дефанзивец Дарко Илиески.

„Ваква победа ни беше повеќе од потребна. Презадоволни сме од исходот и од начинот на кој игравме. Ќе кажам дека ќе бевме задоволни и со бод, но дадовме гол во финишот и успеавме да освоиме три. Можеме да речиме дека се движеме во добра насока, но допрва претстојат натпревари кои живот ќе значат во Првата лига“ – ни изјави Илиески.

Се вчитува...