Капинковски: Претходната победа во Тетово ни дава елан и за нов позитивен резултат со Шкендија

Пелистер е најдобриот тим низ пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. На стартот од третиот круг во шампионатот, битолчани денеска на гостински терен против лидерот Шкендија.

За разлика од претходните гостувања овој пат составот на Димитар Капинковски со далеку поголем мотив за нов успех, по претходните позитивни резултати.

„Изминатите четири кола имаме три победи и едно реми, што е позитивен скор за нашите амбиции оваа сезона. Целта е да ги избегнеме најопасните позиции, за помирно да го дочекаме финишот. Шкендија веќе цела деценија е меѓу најдобрите во државата и нивните аспирации се игра на победа и шампионска титула. Но ние со позитивна атмосфера во тимот посакуваме позитивен резултат“ – вели Капинковски.

Пелистер се уште го памети триумфот од Тетово против Шкендија во последното есенско коло…

„Откако го презедов тимот во од се консолидиравме. Таа победа на крајот од есенскиот дел ни даде еден елан и самодоверба на екипата дека може да игра и со Шкендија. Секако дека тој резултат позитивно влијаеше на нас. Верувам дека ќе ја задржиме позитивна атмосфера и ќе продолжиме со успешни резултати“ – истакнува Капинковски.

ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 0-2

Се вчитува...