Капитенот го напушта Реал на крајот на сезоната: Сакам да останам, но…

По Серхио Рамос уште една легенда на Реал Мадрид е пред заминување од тимот по завршување на договорот откако „кралскиот клуб“ нема намера да ја продолжи соработката со капитенот Марсело, пренесуваат шпанските медиуми.

Бразилскиот ас е дел од мадридскиот клуб од 2007 година каде пристигна од Флуминенсе и досега одигра 540 натпревари, притоа постанувајќи најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот, а вели дека и покрај тоа што сака да остане и да се пензионира во клубот не важи од него.

„Опуштен сум, играм во клубот од сништата и не планирам да престанам со фудбал се додека син ми не е доволно стар да играме заедно. Сакам да продолжам да играм на врвно ниво. Не очекуваат тешки натпревари, капитен сум на најдобрата екипа во светот. Не размислувам однапред, но знам дека се има крај. Сакам да продолжам во Реал, сакам да се пензионирам во Реал, но јас не сум тој кој одлучува“, вели 33-годишникот.

Се вчитува...