Капитенот на Барса не штеди комплименти: Добивме вистински луксуз без да платиме ниту едно евро

Серхио Бускетс како капитен на Барселона даде свој коментар по важната победа остварена на „Месталја“, натпревар на кој тимот на Чави одново се прикажа во ефикасно издание како оној против Атлетико.

Барса постигна четири гола на гостувањето кај Валенсија и победи со 1-4, а играч на натпреварот беше Пјер Емерик Обамејанг кој постигна два гола, но мечот го заврши со прв хет-трик како напаѓач на каталонскиот гигант.

Обамејанг стрелаше двапати во првото полувреме, но судиите му го препишаа и голот на Педри, бидејќи топката минимално се удри во него пред да заврши во мрежата на Валенсија. Ни крив, ни должен, напаѓачот се закити со хет-трик благодарение на судиите, а Бускетс вели дека Барселона добила вистинско богатство ако се знае како тој пристигна на „Камп Ноу“.

„Откако е со нас, Обамејанг работи многу напорно и мисли на тимот. Кога дојде, имаше недостиг на минути поради ситуацијата во Арсенал, но сега докажа дека може да прави разлика како стартер. Добивме вистински луксуз за играч за кој не плативме ниту едно евро, – изјави Бускетс.

Обамејанг дојде во Барселона како слободен агент откако го раскина договорот со Арсенал, па за играч за кој не се плати ниту едно евро, мора да се признае дека Чави доби огромно засилување во офанзивниот дел.

Се вчитува...