Капитенот на Њукасл Јунајтед, Џамал Ласелс и неговиот 19-годишен брат учествувале во физичка пресметка во центарот на истоимениот град откако биле пресретнати од група на луѓе кои му се заканувале и со огнено оружје.
Немилиот настан од кој се појави видео на социјалните мрежи се случил во раните утрински часови по поразот од Ливерпул во натпревар во кој Њукасл имаше предност и играч повеќе, но претрпе пораз.
Jamal Lascelles caught up in a brawl Sunday evening. The Newcastle defender wearing a black T-shirt and green gilet 🏴👊 pic.twitter.com/bmtoLTtaGi
— Football Fights (@footbalIfights) August 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА