Капитенот на Шпанија го победи коронавирусот

Шпанија ќе биде засилена за наредните две средби на ЕВРО 2020 откако капитенот на „црвената фурија“, Серхио Бускетс го победи коронавирусот и му се стави на располагање на селекторот Луис Енрике.

Асот на Барселона беше позитивен при тестирањето на 6 јуни, поради што не настапи за Шпанците на премиерниот натпревар на ЕВРО 2020 против Шведска (0-0). Тестирањата во изминатите два дена дале негативни резултати, по што согласно протоколите на УЕФА Бускетс доби зелено светло за камбек во репрезентативната база.

Се очекува Серхио Бускетс денеска да тренира со остатокот од репрезентацијата, а Луис Енрике дополнително ќе донесе одлука дали тој да биде стартер на утрешниот меч со селекцијата на Полска.

Се вчитува...