Додека Зеленортски острови го слават својот историски влез во втората рунда на Светското првенство, од националниот тим се појавија шокантни вести.
Капитенот на селекцијата Рајан Мендес, е под истрага на полицијата на Нов Зеланд поради жалба за силување поднесена против него од страна на Бразилка која работела како преведувач за националниот тим за време на турнирот од серијата на ФИФА во февруари.
Наводниот инцидент се случил во хотелот каде што престојувал националниот тим во Окленд. Според девојката, Мендес затропал на вратата од нејзината хотелска соба доцна навечер, кога таа ја отворила вратата, тој влегол во собата и ја нападнал.
Се се случило во текот на ноќта по пријателскиот натпревар со Чиле. Службата за медиуми на полицијата на Нов Зеланд потврди дека постои постапка, но не е во можност да даде дополнителни детали поради истрагата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
