Капитенот Пандев се приклучи на националниот тим (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, се приклучи на соиграчите од националниот тим на подготовките во Фусисберг, Швајцарија. Тој допатува последен и од утре ќе се приклучи во работата. „Црвено-жолтите“ ги очекува петтиот натпревар од Лигата на нации против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц. По убедливиот пораз од Ерменија, нашите најдобри фудбалери се решени да се вратат на победнички колосек и да го задржат првото место во групата, кое води во плејоф за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Селекторот Игор Ангеловски веќе одржа два тренинга со националниот тим во Фусисберг.

Се вчитува...