Бразилците со големи надежи отпатуваа на СП 2026, верувајќи дека со Карло Анчелоти како селектор можат да стигнат далеку, зошто да не и да се искачат по шести пад на врвот на светскиот фудбал.
Сонот се претвори во кошмар откако „кариоките“ синоќа неочекувано загубија од Норвешка и за првпат по 1990 година се елиминирани во мундијалско осминафинале.
„Ова е едноставно необјасниво. Мораме да бидеме мажи, да прифатиме дека ова беше тотален неуспех и да бидеме максимално самокритични. Мораме да ја научиме лекцијата, да се извиниме длабоко на бразилскиот народ за ова разочарување. Ги замолувам луѓето дома да почнат да ги бодрат овие момци од денеска, пред нив се четири долги години работа и верувам дека на следното светско првенство можеме да постигнеме големи работи“, порача капитенот Маркињос.
Искусниот дефанзивец потоа се осврна и на самиот натпревар на кој Бразилците платија за бројните промашувања при резултат 0-0.
„Со искуството што го имаме бевме свесни колку се компликувани ваквите мечеви од нокаут фазата, на кои секоја топка, секој шут може да биде одлучувачкки. Норвежаните беа хируршки прецизни и ефикасни, додека ние промашувавме бројни стопроцентни шанси што ги создадовме. Имавме пенал, други чисти ситуации, но не дадовме гол…Ова е светско првенство и правилото е едноставно – селекцијата што ќе направи помалку грешки на крајот – оди понатаму“, реален беше во анализата предводникот на „кариоките“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
