Капитенот Спасовски останува во Бутел

Раководството на Бутел успеа во намерата да задржи уште еден клучен ракометар во своите редови, потпишувајќи нов договор со капитенот Бојан Спасовски.

Останувам во Бутел Скопје уште една сезона и се надевам дека повторно ќе го предводам тимот до уште поголем успех. Ги задржавме носителите на играта во нашиот тим за следната сезона, а имаме одлична соработка со тренерот Грчевски. Сите екипи работат на трансфер пазарот и не очекува интересна Суперлига. Раководството ни ги овозможува сите услови, а нас ни останува да мислиме само на играта. Покрај домашните обврски, ќе бидеме активни и на меѓународна сцена во Лигата на Европа, каде исто така очекувам достојно претставување на клубот и на Македонија, а ќе играме и на традиционалниот Струшки турнир“, изјави Спасовски.

Суперлигашот во месец август најпрвин ќе учествува на турнирот во Струга, а на крајот од месецот ќе го одигра и првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...