Карабао Куп: Арсенал со „петарда“ го елиминираше Сандерленд

Навивачите на Арсенал вечерва имаа многу причини за радост, затоа што нивниот тим ја продолжи одличната серија победувајќи го Сандерленд со убедливи 5-1 во 1/4 финалето на ЕФЛ Купот, познат како Карабао Куп.

„Топчиите“ играа со измешан состав, но тоа не им беше проблем да го совладаат противникот. Нкетиа во 17. минута постигна гол за водство, а Пепе по долго време погоди и донесе 2-0. Бродхед намали на 2-1, а потоа Нкетиа со втор гол во 49. минута зголеми на 3-1. Истиот играч во 58. минута донесе и 4-1, а печат на оваа убедлива победа стави Патино во финишот од мечот.

 

Се вчитува...