Карабао куп: Хет – трик на Хаверц, „седумка“ на Њукасл, победа за Арсенал

Фаворитите беа успешни во Карабао купот. Челси со 6-0 го совлада Барнсли на „Стемфорд бриџ“, а блескаше Каи Хаверц кој постигна хет – трик. Во листата на стрелците му се придружија и Тами Абрахам, Рос Баркли и Оливие Жиру.

Њукасл постигна седум гола (0-7) на гости кај Морекомб, а Евертон славеше со 2-5 против Флитвуд.

Арсенал го победи Лестер со 0-2 во најинтересниот натпревар од вечерашната програма. Фукс си постигна автогол за водство на „топчиите“, а вториот гол беше дело на Нкетија.

Се вчитува...