Карабатиќ го пропушта ЕП во Хрватска?

Франција се соочува со огромен проблем на помалку од една седмица до стартот на ЕП 2018 откако Лука Карабатиќ заработи незгодна повреда, поради која лесно би можел да го пропушти претстојниот европски шампионат.

Карабатиќ настрада за време на дуелот против Египет во рамките од „Златната лига“, по што не настапи на вчерашното финале со Данска на кое „триколорите“ претрпеа минимален пораз.

Станува збор за проблем со скочниот зглоб. Ќе бидат извршени детални прегледи, по што ќе се знае колку ќе изнесува паузата“ – изјави селекторот Дидие Динар.

Во ситуација кога е повреден и Фабрегас губењето на уште еден пивот би бил огромен удар за „триколорите“, кои веќе го повикаа Бенџамин Афгур од Монпелје во составот.

Се вчитува...