Карабатиќ: Можеби не многу, ама подготвен сум 15 минути да помогнам

Никола Каработиќ се приклучи на француската репрезентација на Светското првенство во Германија и во Данска. Сепак, неизвесно е докрај колку реално ќе може Карабатиќ да помогне.

Селекторот на Франција, Дидие Динар потенцира дека уште треба да го тестираат сега колку е подготвен, но Карабатиќ самиот потенцира дека ако не за многу тогаш ќе биде пресреќен да и помогне на селекцијата и 15 минути на терен…

„Мојата цел е да помогнам пет, десет или петнаесет минути. Затоа сум овде. Дури и во сосема мала улога ќе бидам најсреќен на светот ако можам да и помогнам на мојата репрезентација“ – изјави Карабатиќ за француските медиуми во Германија.

Се вчитува...