Карабатиќ на мака – како се врзуваше вратоврска?! (ВИДЕО)

Француските „експерти“  пред Европското првенство во Хрватска се претставија и во едно поинакво елегантно издание. Во кошули и одела и по некоја вратоврска, тука и таму.

Како и сите спортисти и на актуелните светски шампиони, многу поудобни им се тренерките и патиките. Но, понекогаш  на кратко, мора да се „стегнат“ и во одело.

А вратоврската е веќе вистински проблем. Дури и за Никола Карабатиќ. „Експерт“ е за голови, ама со вратоврската мака мачи.

dinar fb

Иако внимателно ја следи постапката на телефонот, најдобриот ракометар во светот, вратоврската никако не успеа да ја врзе. А, моментот со маките на Карабатиќ беше „фатен“ и споделен на официјалниот Фејсбук профил на селекторот Дидие Динард.

Се вчитува...