Карачиќ: Ја завршивме полусезоната токму како што сакавме

Кога се во играта функционира беспрекорно, тогаш победата доаѓа како награда. Плејмејкерот на Вардар, Игор Карачиќ, го потенцираше токму тој момент по убедливата победа против Кристијанштад со 31-15 во последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа календарска година.

„Не знам што се случи со Кристијанштад, но ние сме среќни со победата. Лани кога игравме до 50.минута беше неизвесно, мислам дека научивме многу од тој натпревар и денеска ги завршивме без грешка сите наши задачи. Сакам да им честитам на моите соиграчи за одличниот натпревар. На денешмната средба функционирапе буквално се, од голман, па се до одбраната и нападот и затоа резултатот е таков каков што е. Ја завршивме оваа полусезона како што посакувавме. Се надевам дека и по репрезентативната пауза ќе продолжиме во ЛШ со исто темпо“ – рече Игор Карачиќ.

По зимската пауза, настапот во ЛШ, Вардар го продолжува на 10 февруари на гости против Барселона.

Се вчитува...