Карачиќ: Не знам дали ќе останам во Вардар

Игор Карачиќ е еден од играчите со најдолг стаж во дресот на Вардар, откако хрватскиот ас дојде во Скопје уште додека тренер на клубот беше Веселин Вујовиќ. Секогаш максимално лојален кон црвено-црниот дрес, хрватскиот ас сепак не е сигурен за својата иднина во Вардар по завршувањето на сезонава.

Во моментов не можам да кажам каде ќе играм од следната сеозна, ќе видиме. Ми истекува договорот оваа сезона, постои можност и да останам, но во следните десетина денови ќе се знае повеќе околу мојата иднина“ – истакна Карачиќ во разговор за клупската веб-страница, подгревајќи ги најавите за нов егзодус од таборот на „црвено-црните“.

Покрај освоената титула на Лигата на шампионите, Карачиќ издвојува уште еден триумф во дресот на Вардар што ќе го памети цел живот.

Секако нема да ја заборавам првата титула со Вардар и тоа против Металург. Кога бевме отпишани, и кога загубивме бод претходно во Струмица. Имавме дуел со Металург и во СЦ Кале победивме и ја освоивме титулата“ – се потсетува хрватскиот бек.

Карачиќ не губи надеж дека сезонава Вардар повторно може да ја изненади целокупната ракометна јавност за да стигне до нов трофеј во Лигата на шампионите.

„Сигурно, зошто да не. И кога бевме шампиони не бевме многу силни, но сите проверени. И денска имаме фонд на играчи што може да одработат. И таа 2017 видовме дека се може да се случи“ – порачува Карачиќ.

Се вчитува...