Карачиќ: Уживање беше да се гледа како играме

Во отсуство на повредениот Лука Циндриќ Игор Карачиќ го презеде товарот на свој грб и одлично одговори на задачата да ја креира играта на Вардар во дуелот против Рајн Некар Левен. Силната мотивација, но пред се дисциплината во играта беа клучните моменти за супериорноста на Вардар и триумфот против германскиот шампион.

Рајн Некар Левен се бореше извонредно. Ги следиме во текот на целата сезона и добро се подготвивме за овој меч. Уживање беше да се гледа како одигравме. Добро ја затворивме нивната игра, одбраната функционираше беспрекорно, како и нашата контра и полуконтра. Ги исполнивме сите замисли на Раул од „А“ до „Ш“ и посакувам вака да продолжиме и во наредните натпревари“ – истакна Игор Карачиќ.

Се вчитува...